РИЗИКОТ НАЈГОЛЕМ ВО ПОНЕДЕЛНИК: Поради поместување на часовникот ни се заканува срцев удар


Поради украдениот час сон, ризикот од срцев удар, како што се тврди, е најголем во понеделник наутро, но шведското истражување покажало дека ризикот е зголемен и во текот на трите дена по променувањето на часовникот.

Многумина токму во тој период имаат проблеми со несоница и главоболка, бројни се и сообраќајните несреќи, а заморот поради украдениот час сон може да ја намали концентрацијата и продуктивноста на работа.saat zimsko vreme

Нашиот внатрешен часовник е фино баждарен, подесувањето се одвива полека и постепено низ годините, практично минута на ден, така што поместување на ритамот за цел час е голем психофизички стрес за целиот организам.

Поместувањето на часовникот навистина може да создаде проблеми за кои полека стануваме свесни. Неповлното влијание на пореметениот ритам на спиење на автономниот нервен систем и засилувањето на воспалните процеси во организмот се поврзува со зголемувањето на бројот на самоубиства и сообраќајни несреќи и благо зголемување на случаи на акутен инфаркт во деновите по промената на часовникот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1