Таткото на малата Тијана: Убиен сум заедно со мојата ќерка


На 2 април ќе се одржи рочиште во кривичната постапка  против  Драган Ѓуриќ (34), месарот од Србија кој ја уби 15-годишната Тијана Јуриќ.

На судењето е повикан Игор Јуриќ, таткото на Тијана за која полицијата трагаше две недели и чија смрт го потресе целиот Балкан. Убиецот спрема обвинителството е обвинет за обид за силување и тешко убиство.tijana tata

Игор Јариќ за српски Курир вели дека се она што му го зборувале луѓето кој си ги изгубиле децата е горчлива вистина.

– Времето не значи ништо, секој ден е се потешко. Ми остана да ја чувам другата ќерка Сашка и да се обидам да најдам смисла во прераниот губиток. Да направам нешто за децата, друштвото и за мојата Тијана. Во текот на истрагата многу нешта ме убиваа, да речеме, кога слушнав дека ќе се работи на мерењето на претрпениот страв на Тијана, срцето ми се кинеше. Сепак, ако е потребно за вакво тешко злосторство адекватно да се казни, подготвен сум на се да издржам, вели таткото на Тијана.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1