Петнаесетгодишната тинејџерка Маја Хенри, добила роденденска забава од соништата, на која присуствувале 600 гости и чинела шест милиони долари.
На журката гостите ги забавувале Питбул и Ник Џонас, а за изгледот на славеничката се погрижил Патрик Та кој работеше со семесјтвото Кардашијан, додека фустанот и го сошил познатито Роналдо Сантана. Сето тоа објективно го забележала Дона Њуман, фотограф кој работи за Мет Дејмон и Мишел Обама.
Инаку, сето ова било организирано на плоштадот во Сан Антонио, кој за оваа прилика бил специјално украсен.
Татко и на Маја, Томас Хенри и мајка и Азтека, за оваа прилика ангажирале професионална агенција од Њујорк и тим од 150 планери за подобро да се организира забавата.
Се минало во најдобар ред, а девојката својата радост гордо ја покажувала.
-Тоа беше неверојатна ноќ која никогаш нема да ја заборавам. Благодарна сум им на сите кои присуствуваа, но и на моите родители кои се погрижија за оваа неверојатна ноќ, – изјавила славеничката.
Според луѓето кои биле на забавата, Маја и семесјството дошле со девет „Ролс Ројс“ автомобили под полициска придружба.