Родено првото бебе по пресадување матка од починат донатор


Во Бразил е родено првото бебе по пресадување матка од починат донатор, објави медицинското научно списание „Лансет“.

– Во Сао Паоло на 15 декември 2017 година, со царски рез се роди здраво женско дете, тешко 2,5 килограми. Матката, по десетчасовна операција, била пресадена во 2016 година кај 32-годишна жена, која е родена без матка. По раѓањето на бебето, матката и била извадена за да се спречи тешкиот имунолошки третман. Девојчето е здраво и се развива нормално, пишува „Лансет“.

Досега се направени 39 пресадувања на матки од живи донатори, со што се родени 11 бебиња, но ова е прв успешен случај на раѓање по пресадување матка од починат донатор. Имаше неуспешни обиди во САД, Чешка и Турција.

– Користењето починати донатори може значително да го зголеми пристапот до овој третман и тоа дава нова можност за жените кои страдаат од неплодност поради одредени фактори на матката. Оваа успешна демонстрација има неколку предности во однос на живите донаторски трансплантации: таа се базира на поголем потенцијален број донатори, поевтино е и ги избегнува ризиците за живиот донатор, истакна доктор Дани Ајзенберг, раководител во Универзитетската болница во Сао Паоло.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1