Родители биле во кафеана во Куманово – си го заборавиле 6 годишниот син на среде автопат


Семејството било на вечера во кафеана во Куманово. При крајот на вечерата родителите започнале караница, која трела и по патот кон Скопје, објави весникот Вечер.

Семејството било на вечера во кафеана во куманово. При крајот на вечерата родителите започнале караница, која трела и по патот кон Скопје, објави весникот Вечер.
Расправијата кулуминирала по втората патарина Куманово – Скопје, каде што сопружниците за да се дообјаснат застанале на среде автопат и излегле од автомобилот. Двете братчиња исто така излегле од возилото.

Најверојатно не можејќи да ги слуша родителите како се караат, постарото братче влегло во автомобилот, а помалото останало надвор. Родителите, по кратко време влегле во возилото и се упатиле кон Скопје без да проверат кај им се децата.
Тие забележале дека едното дете не е во автомобилот откако поминале неколку километри кон Скопје.
Шестгодишникот, сватил дека е заборавен од своите неговите родители и дека тие нема да се вратат  по него, па застанал на среде лента на автопатот и го стопирал првото возило наишло за да го одвезе дома.

Камионџија движејќи се по патот застанал на  само на еден метар пред момчето, по што излегол од кабината и ја слушнал приказната на шестгодишникот. Го качил во камионот и го однел во најблиската полициска станица во Скопје.
Родителите во паника тргнале со својот автомобил да се вратат назад но кога стигнале на местото каде што останало шестгодишното дете, тоа веќе не било таму. Во паника се упатиле кон првата полициска станица, со намера да го пријават детето за исчезнато.

Во полициската станица во Скопје и возачот на камионот и родителите ги кажале своите приказни.
Од полицијата велат дека против несовесните родители била поднесена прекршочна пријава.

Tags: , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1