Британците Маглдалена Лужак (27) и Маријус Крезолек (33) една година го држеле затворено во соба 4 годишниот син Данијел Пелке. Детенцето го тепале, малтретирале а цела година му давале да јаде само сол.
Родителите беа уапсени во март годинава, а на вчерашното судење се открија грозоморните детали. Детенцето почина откако беше хоспитализирано бидејќи црниот дроб и бубрезите му биле уништени од солта која ја јадел.
Родителите детето го држеле заклучено во собата од јануари 2011, детенцето се здобило со сериозн повреда на главата па мајката немала избор и го однела на лекар, така и е откриен случајот. Данијел без свест е донесен во болница во Бирмингем каде лекарите констатирале и бројни други повреди на неговото мало тело. Обдукцијата покажала дека детенцето починало од повредите на главата, но имал и скршеници на рацете, расекотини и модринки по целото тело.
Парот ја негирал вината. Сега им се суди за малтретирање и занемарувањена детето. Им се заканува казна од 20 години затвор.