Родители преку Facebook најавуваат бојкот на наставата на децата поради загаденоста


Акција за бојкот на наставата на 20 декември е објавена на социјалната мрежа Фејсбук при што се повикуваат сите родители да не ги пуштаат своите деца тој ден на настава за да се покаже дека е важна борбата против загаденоста на воздухот.

„Мерните станици низ Скопје веќе две недели покажуваат огромна загаденост на воздухот.

За важноста на справување со загадувањето, како најголем и најопасен проблем, ги потсетуваме одговорните веќе 4 години.

Досега се обидовме со чести собири за искажување на незадоволството од непсравувањето со ниедна точка од овој комплексен проблем, да ги потсетиме службениците да си ја сработат работата за која се нафатиле да ја сработат, а за што добиваат плата од наши пари.

Бидејќи досегашните форми на протест не вродија со никаков плод, отсега го менуваме начинот на искажување револт. Наместо собир, предлагаме свесните и совесни родители со своите деца да ја бојкотираат наставата во училиштата на ден 20 декември 2017 година, среда.

Со ова ќе укажеме дека проблемот не само што не е решен, туку и нема никакви најави дека ќе се реши, а уште помалку и дека било каква мерка ќе се спроведе. А, ние, најмалку нашите деца и постари, немаме уште една година.

Затоа, ширете ја информацијава, постирајте слики со ваши пораки и на 20 декември останете дома и поминете едно претпладне со вашите деца“, пишува во повикот за бојкот.

Повикот на Фејсбук е објавен од неколку граѓани а досега над илјада корисници на социјалната мрежа покажале заинтересираност за учество во акцијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1