Родителите на Илма ги сакаа парите од награда – и штетат што ја пумпаат дека е ѕвезда


Кики Лесендриќ, менторот на поранешната учесничка на X Фактор Илма Карахмет деновиве изјави дека младата девојка е последната со која би работел, а сега раскажа како нејзините родители постојано мислеле на парите поточно на сумата од 200.000 евра кои ги добива победникот на ова шоу.

kiki ilma– Како музичар и пејач секогаш би помогнал на секој кој има добар глас и талент, без разлика кој е во прашање. Со самото тоа што Илма беше во мојата група, ми беше особено драга, бидејќи се уште е дете. Таа има одлични гласовни способности и неспорен талент, но се останато нема. За да бидеш ѕвезда и да го имаш тој фамозен Х-Фактор, мораш да се родиш со тоа, тоа не се стекнува, а Илма е најдобар пример за тоа. Сите големи ѕвезди кои ги познавам никогаш не би покажале суета, разочарување или недолично однесување. Но, Илма тоа го покажа веднаш штом испадна.

Беше видно разочарана, огорчена на сите членови од жирито, публиката, продукцијата, а нејзиното заминување без поздрав докажува во што се претвори ова девојче. Додуша не ја осудувам, таа уште не е зрела, но ми смета што нејзините родители „пукаа“ на високо и веќе ја гледаа како победник. Нив им беше важна само победата и договорот кој победникот ќе го добие.

– Сепак, тие се тие кои го воспитуваат сопственото дете и се одговорни за нејзиното однесување. Тие се тие кои жаргонски кажано, ја пумпаат дека е ѕвезда, што е тотално погрешно. Таа мора уште многу да учи, бидејќи патот до ѕвездите е тежок и трновит“, вели Кики.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1