Мајка и бебе нападнати од ротвајлер во Неготино


Куче од расата „ротвајлер“ вчера пред хотел во неготино нападнало мајка која се шетала со своето бебе.

slike-zivot-5-rotvajler_kavez_941479059Како што појасни денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес вчера во 14 часот на паркинг пред хотел во Неготино констатиран е прекршок „држење животни-куче без заштитна маска“ предвиден во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, јавува МИА.

– Четириесет и седум годишна жена од Неготино додека го водела своето куче од расата „ротфајлер“ без заштитна маска, кучето нападнало жена која во моментот се шетала со своето бебе, при што се здобила со видливи повреди, вели Стојковска.

Таа нагласи дека изготвен е Записник за констатиран прекршок и ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1