Родителите на исчезнатото момче се сомневаат дека детето е затрупано на депонија


Десет дена како родителите на Ренато Џељадини (15) немаат одговор за тоа каде исчезна нивниот син. Во телефонски разговор со татко на исчезнатото момче, дознаваме дека инспектори на СВР Куманово денес повторно се вратиле на депонијата во м.в Краста близу с. Биљановце, за да се обидат да дојдат до некакви траги од момчето кое пред десет дена исчезна во моментот кога Ренато отишол по храна додека собирал пластични шишиња од кумановската депонија, пишува порталот Кумановски муабети.

image-620x2641-540x229

Татко на малолетникот Рушит Џељадини, вели дека семејството се сомнева дека детето е можеби ненадејно затрупано со ѓубре од багеристите кои дента работеле на депонијата, бидејќи не е можно детето да исчезне туку – така, велат тие.

– Оваа наша претпоставка ќе биде предочена и на СВР Куманово на средба закажана за денес, и сите наши сомнежи водат во правец дека се работи за несреќен случај, вели Џељадини.

Ренато Џељадини исчезна на 8 август, а со помош на кучиња трагачи полицијата тогаш откри дека детето се движело пеш се до главниот пат, на околу 500 метри од местото каде последен пат е виден, а потоа најверојатно се качило во возило и од тука му се губи трагата, изјавија на 13 август, родителите на исчезнатиот малолетник.

Р.Џ е облечен е во црни тренерки и кратки маслинесто зелени чизми, па оттука се молат сите граѓани кои можеби ќе го видат исчезнатиот малолетник, да се јават до најблиската полициска станица, апелираат од семејството Џељадини.

Ова е трет случај на исчезнат малолетник во Куманово. Во април 2010-та, на Дане Мемеди и Мирсада Хелдовиќ им се губи секаков траг. Нивните имиња сѐ уште се водат како исчезнати лица на територија на Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1