Родителите на младо момче од Полска останале шокирани кога отишле да остават цвеќе на гробиштата…
Мајката и Таткото на момчето отишле на гробот на својот син, за да положат цвеќе. Точно во тој момент се појавил тој жив и здрав. Родителите биле шокирани.
Во првиот момент, родителите не можеле да им поверуваат на своите очи. Јарослав Каролински бил прогласен за мртов речиси две години по неговото исчезнување. Во 2011 година тој го напуштил својот дом и оттогаш никој не го видел.
Долго време мајката и таткото на “починатиот” носеле цвеќе на неговиот гроб.
Полицијата открила труп на млад човек во близина на границата и на семејството им соопштиле дека Јарослав е мртов.
Пред неколку дена родителите го посетиле гробот на починатиот син и го гледаат таму. Првите зборови на Јарослав биле “Мамо, јас се вратив”. Мајката паднала во несвесна состојба, а таткото мислел дека полудува.
Полицијата исто така била шокирана од она што се случило и веднаш започнале со истрага. Допрва ќе се појаснува, кој всушност лежи во гробот на Јарослав.
interesno.com.mk