Родителите во страв, умираат од тешка болест, а нема кој да се грижи за нивните две деца


Брачна двојка со две мали деца дознале вознемирувачки вести. И двајцата набрзо ќе умрат од тешка болест, а стравуваат за тоа дека во иднина ќе нема кој да се грижи за нивните две деца.

Пол и Клер Калстон, се пред тешко искушение. Имаат девојче од четири и момче од шест години, кои наскоро би можеле да останат сирачиња и неопходно е да им најдат старатели кои што би можеле да се грижат за нив. И двајцата родители боледуваат од тешки болести и имаат уште неколку години живот.

Госпоѓата Калстон (36) работи во полиција. Пред три години открила дека боледува од рак, а и било кажано дека има 30 проценти шанса да се избори со оваа тешка болест и да живее уште пет години.

Господин Калстон (37) предава во школо. Тој пак боледува од тешко заболување на невроните, кои предизвикуваат престанок на работата на мускулите и би можел да живее уште три до пет години.

И покрај тоа што имаат проблеми и грижи, кое ниедно семејство не би требало да ги има, тие сепак секое утро успеваат да се насмеат и уживаат во игрите со нивните две деца.

„Тешко е, но кога ќе станам утрото, повеќе сакам да мислам на тоа што ќе се случи денеска, отколку за една година и наоѓам сили да се носам со проблемите со кои се соочуваме секој ден“, вели госпоѓа Карлсон.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1