Родман и Пипен доаѓаат во Македонија?


Организаторите на кошаркарскиот Ол-стар викенд во Бугарија преговараат со Денис Родман, Скоти Пипен, Хорас Грент, Клајд Дрекслер и уште неколку НБА ѕвезди да бидат дел од натпревар со европскиот Ол-стар тим.

Како што пренесуваат бугарските медиуми организаторот бил оптимист дека американскиот тим, на чело со Родман и Пипен, ќе  одигра и егзибициски натпревари во Македонија, Србија и Грција.

Како што пренесува Вест Македонската кошаркарска федерација не слушнала за оваа информација, но потврдија дека пред неколку години, една агенција, што организира ревијални мечеви со пензионирани НБА-ѕвезди, им дала слична понуда. Во неа биле и Денис Родман и Скоти Пипен, но, неофицијално, тоа требало да не чини околу 200.000 евра.
Проектот за “мечот на ѕвездите” во Софија ќе вклучи и некои европски великани, како Арвидас Сабонис и Дино Раѓа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1