Според МВР деветнаесетгодишен роднина е убиецот на 17-годишниот Ељон Јакупи од Арачиново.
Осомничениот полицијата го привела денеска, а по целосно документирање на случајот тој ќе биде предаден до надлежното јавно обвинителство. МВР денеска извести дека кај осомничениот е пронајден и пиштол, за кој постојат сомневања дека е оружјето со кое е извршено убиството.
„Според првичните информации од полицијата, двете лица најпрво имале телефонска расправија, по што продолжиле вербално да се расправаат пред куќата на осомничениот за убиството, а потоа физички почнале да се пресметуваат, а во еден момент осомничениот извадил пиштол и со два куршуми го застрелал роднината“ – рече портпаролот на МВР Иво Котевски.