Роднините и пријателите на Фросина бараат да се открие идентитетот на оној што ја прегази на „Партизанска“


Повик да се открие идентитетот на лицето што со автомобил ја прегази младата Фросина Цековска на пешачки премин кај „Универзална сала“ во Скопје. Ви го пренесуваме интегрално повикот кој кружи на фејсбук:

Foto - Facebook

Foto – Facebook

Со огромна болка за прерано почината Фросина Цековска од Крива Паланка, која на 03.04.2015 година трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди кај Универзалната сала.

Фросина Цековска имаше само 19 години, бруцош на Електро-техничкиот факултет во Скопје.
Девојче кое замина во големиот град за да ги оствари своите соништа. Сонуваше да стане инжинер, гордоста на нејзините родители.

Но за жал, Фросе не успеа во тоа.

Тоа што се случи тој ден навистина беше застрашувачко, на Партизански одреди не згасна еден живот, згаснаа илјадници.
Поради невнимателноста и поради неодговорноста на некој друг ние ја изгубивме Фросе. Изгубивме девојче полно со живот и планови за во иднината.

Поради секојдевните шпекулации кој е убиецот на Фросина, со разни имиња, разни сознанија ние го бараме нејзиниот вистински убиец.

Едни велат бил син на еден, други велат на друг, едни кажуваат едно име, други кажуваат друго.

Ние веќе не знаеме во чии зборови и во која вистина да веруваме, ние само го сакаме вистинскиот убиец на оваа девојче кое не заслужуваше ваков крај. Ја бараме правдата и се надеваме дека постои. Бараме овој човек да биде осуден и да си ја плати казната за делото кое го сторил. Не бараме финансиски надоместок, за ваква штета не постојат никакви средства кои ќе ја надополнат загубата. Ние ја бараме правдинина, сакаме убиецот на Фросина да си ја добие заслужената казна, но најпрвин го сакаме вистинскиот убиец. Сите го бараме оној кој на 3ти Април животот ни го смени, оној кој ни го зеде она највредното, она најмилото, она по кое ќе тагуваме цел живот.

Кој и да си и чии да си, веруваме дека пред се постои нешто човечно во тебе. Возењето со 160, не е сообраќајна несреќа, тоа е убиство, а бегството после таков чин е кукавичност, не пружањето помош нечовечност. Ние го сакаме твоето вистинско име, го сакаме твоето вистинско лице. Ние сакаме да застанаме пред вистинскиот убиец на нашата ќерка, сестра, внука, другарка, девојка, колешка и сограѓанка.

Дали те гризеше совеста кога продолжи да возиш, а знаеше дека на ладниот асвалт остави млад живот да лежи? Дали почувствува грижа на совест кога продолжи да возиш, а не застана да и помогнеш? Дали возењето со 160 те направи подобар човек или убиец?
Доколку некогаш постоело нешто човечно во тебе веруваме дека ќе се појавиш на судењето и веруваме дека ќе го прифатиш делото кое го стори, ќе направиш барем нејзините родители да се чувствуваат помирни кога ќе знаат дека убиецот на нивното девојче ја доби неговата казна.

Ние сме свесни дека ова не може да ни ја врати назад, но гневот кој го чувствуваме во нас ја бара казната за него.
Ве молиме сите коишто сочувствувате со нејзиното семејство, со нејзините најблиски да го споделите ова. Да го најдеме вистинскиот убиец на нашата Фросе, чии живот прерано згасна на улиците на Партизански одреди кај Универзална сала.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1