РУСИЈА ЈА ЧУВА МРТВА РАКА: Од ова оружје стравува светот – нема бегање од нуклеарна одмазда! (ВИДЕО, ФОТО)


Тие не летаат на непријателот, туку летаат над Русија, а наместо боеви глави, во нивниот преден дел се наоѓаат предаватели кои праќаат команда за лансирање на сите боеви ракети: во подземните силоси, авиони, подморници и мобилни земски комплекси. Системот во целост е автоматизиран, а човечкиот фактор од неговата работа е исклучен или минимален.

oruzje-rusija2

Главниот фактор на одвраќање од почеток на Трета светска војна претставува фактот дека Русија поседува систем кој овозможува нанесување втор нуклеарен удар (нуклеарна одмазда) дури и при целосно уништување на командните пунктови и линиите на врска со Ракетните единици.

Неговото име е “Периметар”, а во САД го нарекуваат “Мртвата рака”.

Основниот систем за управување со стратешките ракети се вика „Казбек“ – тој е познат благодарение на комплексот „Чегет“ или „нуклеарно куферче“. „Периметар“ е алтернативен команден систем на нуклеарните сили на Русија.

oruzje-rusija3Тој е наменет за автоматско управување на масовен нуклеарен удар.Системот „Периметар“ е успешно тестиран во 1979. година. Системот покажал успешна интеракција на сите компоненти, во воена служба стапил 1985. година, а од тогаш повеќе пати бил модернизиран.

Основа на системот се командни балистички ракети. Тие не летаат на непријателот, туку летаат над Русија, а наместо боеви глави, во нивниот преден дел се наоѓаат предаватели кои праќаат команда за лансирање на сите боеви ракети: во подземните силоси, авиони, подморници и мобилни земски комплекси. Системот во целост е автоматизиран, а човечкиот фактор од неговата работа е исклучен или минимален.

Одлуката за лансирање на командните ракети ја донесува автономен контролно-команден систем, а тоа е сложен програмски компекс врз база на вештачка интелигенција. Тој прима и анализира различни информации: сеизмичка и радиоактивна активност, атмосферски притисок, интензитет на радио-размена на воените фрекфенции…

oruzje-rusija1На пример, ако системот открие удар, може да иницира возвратен удар без помош од основните контролни системи И БЕЗ ДА МОРА ЧОВЕК ДА НАРЕДИ ИЛИ СТИСНЕ КОПЧЕ.

Пред стартот на алгоритмот за возвратен удар „Периметар“ ги проверува четирите услови. Како прво, да дошло до нуклеарен напад. Потоа се проверува функционирањето на врската со Генералштабот – ако врската постои, системот се исклучува. Ако Генералштабот не одговара, „Периметрар“ го контактира основниот систем „Казбек“. Ако и таму молчат, вештачката интелигенција правото на донесување одлука му го дава на било кој човек кој се наоѓа во командниот бункер. И, ако од тука нема одговор, системот почнува сам да делува.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1