Русија ќе ги сузбува „непожелните“ странски организации


Руските власти ја започнаа во Парламентот процедурата за донесување нов закон, со кој ќе може да се обвинуваат странците, чија активност во земјата ќе се означува како „непожелна“ за руската безбедност.

Со законот ќе се овозможи забрана за работа на „непожелните“ странски невладини организации (НВО) или фирми.

Според последната измена на еден ваков закон, направена во 2012 година, странските НВО кои се создадени од Руси и се врзани за политичка активност, мора да се регистрираат како „странски агенти“, формучација што во руското општество се поврзува со „странски шпиони“.

06082014192041_rusija

Странците кои ќе бидат прогласени за „непожелни“ во иднина ризикуваат да бидат казнети со парична казна од половина милион рубљи (10.000 американски долари), како и со затвор до шест години.

Јавното обвинителство и Министерството за надворешни работи на Русија ќе одлучуваат дали една странска организација или фирма ќе биде означена како „непожелна“,

Новиот нацрт-закон за „непожелни странци“ во руската Дума (Долниот дом на Парламентот) го поднесоа пратениците на партијата Обединета Русија на претседателот Владимир Путин.

За да биде законот усвоен, треба да ја добие подршката и од членовите на Горниит дом, а потоа да биде потпишан од претседателот Путин.

Амалитичарите во Москва немаат сомнеж дека законот ќе помине во Парламентот, затоа што мнозинството од пратениците доаѓаат од партијата Обединета Русија.

Претставници на руската опозиција предупредуваат дека новите прописи претставуваат закана за организации какви што се „Лекари без граници„ „Амнести Интернешанл“, „Гринпис“, „Репортери без граници“ и „Транспаренси Интернешенел“.

Според противниците на законот, руските власти стравуваат од можноста од избувнување на антивладин револт, како оној во Киев од пред 1,5 година, кога насилно беше сменет од власт претседателот Виктор Јанукович.  

Сител.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1