Почина легендарниот Би Би Кинг


Славниот музичар Би Би Кинг почина во 90. година од својот живот во својот дом во Лос Анџелес.

Веста за смртта на легендарниот гитарист ја потврди и неговиот адвокат.

bbdied

Kон почетокот на април славниот музичар беше хоспитализиран поради дехидрација, предизвикана од дијабетесот од кој боледуваше повеќе од 20 години. Набрзо потоа, беше повторно хоспитализиран поради дехидрација и помал срцев удар.

Неговите песни Лусил, Свит Блек Ејнџл, Рок ми бејми засекогаш ќе бидат запомнети од милионите љубители на неговата музика. Списанието „Ролинг стоунс“ го смести на трето место на својата листа „100 најголеми гитаристи на сите времиња“.

За својата музика доби 14 Греми награди, вклучувајќи ја и онаа за животно дело.

Кинг беше оженет два пати, за Марта Ли Дентон од 1946 до 1952 и за Су Керол Хал од 1958 до 1966. И двата брака завршија поради големите обврски на Кинг. Се тврди дека тој е татко на 15 деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1