Русите имаат филм ,,Трето полувреме,, за мечот на смртта во Киев (Видео)


Рускиот филм ,,трето полувреме,, зборува за вистинска случка за мечот на смртта меѓу нацистите и работници во пекара, поранешни играчи на Динамо Киев. Победа или смрт – била цената на натпреварот.

Се случило на 22 јуни 1942 година. Условот за играчите на советскиот сојуз било – победете или смрт. Нацистите им ветиле дека ако победат ќе ги ослободат.

Фудбалерите играле за својот живот – како никогаш дотогаш – победиле – но не ја добиле слободата. Сите фудбалери на крајот биле однесени во логор. 6 успеале да избегаат, од кои 4 биле убиени во потерата по нив.

Во 2005 судот во Хамбург го затвори случајот за легендарниот меч на смртта после 30 години истрага. Пресудата на германците беше дека нема докази дека фудбалерите биле застрелани поради тоа што ги победиле нацистите.

Овој настан бил инспирација за неколку филмови. Овде ви прикажуваме два. Оргиналниот ,,трето полувреме,, снимен во 1962 во советскиот сојуз – и англиската верзија на овој настан ,, меч на смртта,,

Tags: , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1