Руски астроном: Вонземјаните бегаат од Земјата бидејќи луѓето се идиоти


Сергеј Смирнов астроном од опсерваторијата Пулково, тврди дека „малите зелени“ ја заобиколуваат планетата земја поради тоа што немаат доверба во луѓето кои се однесуваат како волци кон својата сопствена планета, систематски уништувајќи ја.

vanzemaljci-vanzemaljac-1354229853-235551Откако неодамна е забележана појава на НЛО на небото над Санкт Петерсбург, рускиот астроном Сергеј Смирнов тврди дека знае зошто се уште не сме успеале да воспоставиме контакт со суштествата од другите планети- вонземјаните ја заобиколуваат Земјата бидејќи луѓето се идиоти.

Вели дека вонземјаните ја заобиколуваат Земјата бидејќи сметаат дека луѓето се многу опасни за нив. Тој вели дека „малите зелени“ немаат доверба во луѓето кои се однесуваат како „волци“ кон сопствената планета, и системски ја уништуваат.

-Вонземјаните на нас гледаат како на неразвиени идиоти. Можеби нас не изолирале некако од остатокот од галаксијата. Можеби испраќаат предупредувања на стотина милијарди ѕвезди, тврдејќи дека ние како цивилизација сме многу опасни, коментира Смирнов.

Вонземјанците, по негово мислење, се плашат од луѓето да не ги злоупотребат нивните знаења, па затоа се држат понастрана од земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1