Руските патолози утврдиле дека пилотот на соборениот Сухој 24 над Сирија Олег Пешков е убиен од калашљиков, додека со падобран се спуштал катапултирајќи.
Било утврдено, со медицински преглед, дека групата терористи на Туркмен, која пукала на катапултираниот руски пилот, се изживувала над мртвото тело на Олег Пешков.
На неговото тело се пронајдени бројни траги од удар со тап премет, почнувајќи од темето , па до вратот, лицето, рацете и нозете.
Многу модрици имало на телото по неговата смрт- недвосмислено пишува во извештајот на патолозите до кои дојде рускиот сајт “LifeNews”.
Туркменистаните кои се изживувале над телото на Олег Пешков прекршиле бројни руски , но и меѓународни закони и воени конвенции, меѓу кои главна е криење на мртвото тело на војникот.