Грчката полиција во близина на градот Фарсала пронајде 4 годишно девојче, а британските медиуми ја истакнале сличноста помеѓу пронаоѓањето на ова девојче и исчезнувањето на Меделин МекКејн, девојчето кое што исчезна во 2007 година за време на летниот одмор во Португалија. Не станува збор за Меделин, но постои можност и таа да завршила во еден таков камп.
Девојчето е со светол тен и има сина коса, а не биле забележани никакви физички сличности со луѓето кај кои што таа била пронајдена, односно ДНК тестот покажал дека 39 годишниот маж и 40 годишната жена не биле нејзини биолошки родители, а парот бил уапсен поради сомнеж за киднапирање и измама при добивањето на документите.
Полицијата го истакнала својот став дека детенцето потекнува од земја од северниот дел на Европа и знае да зборува само ромски, а било наведено дека лажните родители неколку пати ја промениле својата приказна за детето.
Уапсената 40 годишна жена кај себе имала документи според кои таа била мајка на десет деца. Во меѓувреме, девојчето е сместено во дом за деца без родители и се очекува наскоро да биде разрешен нејзиниот случај и таа да биде вратена кај своето вистинско семејство.