САД именуваа специјален претставник за муслимани


САД именуваа во средата нов специјален претставник за муслиманските заедници низ светот, во времето кога Вашингтон се соочува со заканите од Исламската држава во Ирак и во Сирија, и прави обид да управува со политичките кризи во повеќето блискоисточни земји каде што се доминантни сунитските муслимани.

prestavnik za mislumaniАмериканскиот државен секретар Џон Кери го именуваше Шаарик Зафар за нов специјален претставник и соопшти притоа дека неговата задача е да ги помогне напорите Стејт департментот. Улогата на Зафар е многу важна, бидејќи луѓето од сите вери патуваат и мигрираат низ светот „како никогаш досега во историјата“, изјави Кери додавајќи дека „Нашите религии и нашите судбини се нераскинливо поврзани“.

Новата функција беше воспоставена во текот на минатата 2013 година, а наскоро во канцеларијата на американскиот специјален претставник за исламот ќе бидат вклучени 5 експерти.

Шаарик Азафар десетина години работел во американските федерални агенции на проблемите важни за муслиманската заедница, како што се кршењето на човековите права, полицискиот надзор и безбедносните мерки на аеродромите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1