Фирмата „Interaxon“ смисли уред „Muse“ кој се носи на главата и кој ја прикажува активноста на мозокот на екранот на смартфон.
Со време се планира истиот да се користи како далечински управувач за телевизор, или лаптоп, за пратење на состојбата на вашиот мозок во медицинските центри, подобрување на вашата концентрација, одржување во свесна состојба за време на долгото возење и контрола и менување на температурата во просторијата.
Има два сензори на делот кој се става на челото, и два за ушите. Се носи слично како очилата, само нешто повисоко на челото.
Веќе постојат софтверски апликации кои го користат, а во „Interaxonu“ велат дека во иднина ќе се отвори можност за развој на програмирања за изработка и на други апликации.