Универзалната сала, која сега се именува како јавна установа Конгресен центар, испрати соопштение
„И покрај нашите повеќекратни укажувања, во јавноста деновиве се пласираат информации дека името на Универзалната сала во Скопје е променето во Конгресен центар „Александар Македонски“.
Во согласност со Одлуката на Советот на Град Скопје, а на предлог на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Универзалната сала во Скопје е преименувана од Универзална сала во Универзална сала „Тоше Проески“.
Новата зграда што ќе се гради на местото на сегашната Универзална сала, според проектот, е мултифункционален објект што ќе содржи повеќе сали и истиот објект ќе го носи името Конгресен центар „Александар Македонски“, пишува во реакцијата на Конгресниот центар.
Оттаму истакнуваат дека Универзалната сала што ќе биде дел од тој Конгресен центар ќе го задржи името Универзална сала „Тоше Проески“.