Само уште оваа слика – се последните зборови на момче кое водата го повлекла во смрт (ФОТО)


vitel

Џејкоб Кокл (28) се удавил во вител во заливот Карнсоу, Велс, додека се обидувал да го фотографира овој феномен во водата.

Тој бил професионален фотограф,  на местото на несреќата бил со група пријатели влегол во водата, како би направил „совршена фотографија“ од вителот. Меѓутоа, и покрај предупредувањата, се приближил многу блиску до центарот на вителот и струјата го повлекла на дното.

Според очевидците, последното што Кокл го кажал било: „Само уште оваа слика“.

Пријателите брзо ги контактирале спасувачите и Итната помош, кои момчето го извадиле од вода и го пренеле во болница. За жал, докторите не можеле ништо да направат за да го спасат несреќниот фотограф.

kokl

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1