Само за носталгичари: НОКИА 3310 се враќа на пазарот – Цена 6 евра


Легендарната Нокиа 3310 се враќа. Страницата „Али Експрес“ најави дека во следните неколку дена во својата понуда ќе има целосно нови Нокиа 3310 по цена од шест евра.

Популарниот телефон што своевремено предизвика револуција на пазарот, може да се нарача со посредство на компанија во Сингапур.nokia-3310

На испорака се чека три до четири недели, а купувачот е ослободен од поштарина.

Овој класичен мобилен телефон од 90-тите години, за кој се веруваше дека може да преживее и апокалипса, освои милиони корисници низ целиот свет со својата издржливост, едноставнсот за користење и големина.

Освен екран осветлен во зелена боја, Нокиа 3310 има и именик со 250 контакти, 35 мелодии, часовник, стоперка, аларм и дигитрон, а батеријата за разлика од денешните смартфони трае цела недела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1