Јасмина Крстиќ (34) од Ниш, паднала на 16 јануари од четвртиот кат од зградата во која живеела. Жената пружала алишта на терасата кога изгубила контрола и паднала.
Ги скршила двете нозе, карлицата и неколку ребра, но таа го преживеа падот од околу 15 метри висина и е надвор од животна опасност.
Јасмина Крстиќ е самохрана мајка на 8 годишна ќеркичка и живееле сами во станот.
– Мојот сопруг, тргнал во блиската продавница кога ја видел Јасмина како лежи на плочникот, веднаш повикал брза помош,, вели соседка чии сопруг ја пронашол повредената Јасмина.
Мајката на јасмина подоцна на новинарите им кажала дека јасмина била качена на расклатено столче кое попуштило на нејзината тежина и се скршило, а таа паднала преку терасата.
Заменик-директорот на ортопедски клиника д-р Милош Станојловиќ вели дека Јасмина во моментов не е во животна опасност иако има сериозни повреди.