Седумгодишно девојче од Јужна Кореја загина пред зградата во која живее, откако на неа паднал самоубиец, кој скокнал од десетти кат на повеќекатница во јужниот пристанишен град Бусан.
Четириесет годишниот маж скокнал синоќа од својот стан на десеттиот кат и при падот на земја удрил диретко во ќерката на неговиот сосед, која со таткото влегувала во зградата.
Самоубиецот, кој е идентификуван по презимето Јанг, починал на лице место, а девојчето е префрлено во болница, каде е прогласено за мртво по пристигнувањето.
Јужна Кореја има највисока стапка на самоубиства со речиси 50 случаи дневно, односно 33,5 отсто на сто илјади самоубијци меѓу земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој во 2010 година.
Сител