Сања Лукаревска, која со години е вработена во Управата за јавни приходи, на денешната петта владина седница е именувана за вршител на должност директорот на УЈП.
Лукаревска има завршено Правен факултет во Скопје.
Владата на денешната седница го избра Зоран Атанасов за нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Атанасов беше советник во кабинетот на Љупчо Николовски во техничката Влада, кога тој беше дополнителен заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој е дел од извршниот одбор на Градската организација – Скопје на СДСМ.