Сандро се пласираше во поп вечерта на Охрид Фест- сега си кулира во Охрид!


Задоволен од својот настап и од комплиментите кои ги доби денеска кулира на мирни крајезерски места, а особено што Охрид посебно го обожава.



Медиумите го најавија на големи ѕвона, а нашиот сајт ја имаше честа прв да го открие и објави појавувањето на Сандро Николовски, новиот поп пејач, синот на легендата Гоце Николовски. Тој синоќа настапи на сцената на Долни Сарај, на фестивалот Охрид фест 2012- вечер на нови ѕвезди, Сосема опуштено, сигурно на сцена и со ведрина ја донесе песната „Што е среќа“ и се пласира во Поп вечерта, која е утревечер.

Задоволен од својот настап и од комплиментите кои ги доби денеска кулира на мирни крајезерски места, а особено што Охрид посебно го обожува. Својата пладневна обиколка со девојката Ирена Мила ја почна од омиленото место, кафулето „Зона Гарден“, во Сараиште. си помуабети со сопственикот Јон, негов нов пријател, кој искрено му честиташе на настапот и му ја даде целата своја поддршка.
Потоа замина на Канео каде со дел д своето семејство се разладија.

– Сцената е убава работа, и сакам полека, но сигурно да пеам убави и се поубави песни. Многу сум задоволен од мојата прва песна „Што е среќа“ , направена во џез манир од авторот Александар Чекреџи и мојата менаџерка и текстописец Маја Павловска, која иако е во Холандија, постојано сме на линија и ми дава инструкции за се. Верувам во нејзините способност, во нејзиното естрадно искуство и позитивно ми влијае нејзиниот дух, и сакам и јас да бидам оној кој ќе шири ведрина на сцена, ни рече младата и нова надеж на македонската сцена.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1