Покрај тоа што се поголем број од луѓето ќе заболат од оваа болест, ќе расте и бројот на оние кои ќе ја преживеат истата, а најмногу шанси за тоа ќе имаат заболените од рак на дојка и простата.

Шансите за преживување од оваа подмолна болест ќе се зголеми исто така за 3,4 отсто кај мажите и 4,6 отсто кај жените. Покрај тоа што ќе се зголеми бројот на луѓето што ќе го победат ракот, тие во исто време ќе го сочинуваат поголемиот дел од светската популација, тврдат научниците.
– Се почесто карциномот се открива на време, а напредните третмани им овозможуваат на заболените и понатаму да живеат и да се справат со оваа зла болест, истакнува првиот човек на истражувањето Хенрик Милер.
Треба да работиме на третмани кои ќе им помогнат и на старите луѓе. Понекогаш се случувало лекарите да ја потценат нечија сила поради староста иако не се свесни колку човечкото тело може да издржи без разлика на возраста, истакнува Мајкл Мичел од британското хуманитарно здружение „Години“.