Саркози: Турција е помалку европска држава од Русија и нема место за неа во ЕУ


Перспективата Турција да биде членка на Европската унија противречи на здравиот разум. Таа држава по неколку основи е многу помалку европска држава отколку Русија, вели ви интервју за И-теле, поранешниот претседател на Франција Никола Саркози.sarkozi33

– Турција се наоѓа во Мала Азија. Тоа е голема држава, но е мост меѓу Азија и Европа. Турција нема место во Европската унија и јас секогаш сум се придржувал на таа позиција, заснована на здрав разум. Тоа сепак, не значи дека сум против Турците. Тие ни се потребни, тие се наши сојузници во НАТО. Но, кога ќе почнеме да објаснуваме дека Турција е европа, на учениците ќе треба да им се појасни дека европската граница преминува во Сирија. Тоа е надвор од здрав разум – наведе Саркози.

Тој го критикуваше договорот меѓу ЕУ и Турција за мигрантите кои според него, ќе донесат безвизен режим за Анкара и отстапки во процесот на евроинтеграција.

– Категорично сум против укинување на визите за 80 милиони Турци. Ние сега им објаснуваме на жителите на ЕУ дека Шенген се распаднал, дека треба да се промени, дека миграцискиот бран е голем и сега – првото решение треба да биде укинување на визите за држава со население од 80 милиони која не е дел од ЕУ. Тоа е измама, тоа противречи на здравиот разум – вели Саркози.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1