Саудиски принц силувал вработена, ослободен со кауција од 300.000 долари


Саудиски принц беше уапсен под обвинение за сексуално насилство врз вработена во послугата на неговиот имот во Беверли Хилс, соопшти полицијата во Лос Анџелес.siluvanje

Маџид Абдулазиз ал Суад (28) беше уапсен во средата и пуштен на слобода, откако платил кауција од 300 илјади долари.

Весникот „Лос Анџелес тајмс“ пишува дека полицијата упаднала на огромниот имот на принцот, вреден 37 милиони долари, откако сосед забележал жена облеана во крв, која барала помош, додека се обидувала да се искачи по ѕидот околу имотот.

Принцот пред судот треба да се јави на 19 октомври.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1