Реката Сава попладнево проби дел од насипот во близина на Брчко при што се евакира населението од пет населби на подрачјетот на дистриктот, потврдено е од кризниот штаб во Брчко.
Речниот бран кој уште вчера го поплави Босански Шамац, а потоа го загрози и Орашје стигна до Брчко, а до локалното население упатен е повик спас да најдат на покривите на куќите и таму да ги чекаат хеликоптерите за евакуација.
Центарот на Брчко не е загрозен.
Состојбата е тешка и на подрачјето на Бијелина каде Дрина се влева во Сава.
Граничната полиција на Босна и Херцеговина потврди дека поради критичното ниво на Сава затворен е сообраќајот на граничните премини со Хрватска во Босански Шамац, во Орашје и во Брчко. Сообраќајот е во прекин и на граничните премини Јања и Црњељево.
Затворени се и неполку патишта кон граничните премини со хрватска односно правецот од Босанска Дубица кон гранчниот премин Костајница и од Приједор кон Нов Град.