На парцелата пред објектот Лумикс на плоштадот Македонија, може да се забележат ископани 5 дупки и повеќе градежни работници на теренот.
Се работи на испитување на земјиштето на кое треба да се изгради објектот. На просторот каде се вршат испитувањата треба да се изгради деловно-комерцијален објект со приземје и три ката во барок стил, со големи скали кои наликуваат на Шпанските скали во Рим. Земјиштето го купи фирмата “Амадеус девелопмент” лани во октомври, со обврска во рок од девет месеци да обезбеди одобрение за градба, а објектот да го изгради најмногу за шест години.
Фото – Вечер