Се формира меѓународен тим за одбрана од астероиди


Научниците сметаат дека постојат околу еден милион астероиди кои претставуваат потенцијална закана за нашата планета, но до сега се детектирани само мал дел од нив.

Заканата од астероиди е толку сериозна што поранешниот астронаут Ед Лу ја опишал како „космички рулет“, велејќи дека имаме среќа што до сега не се случил удар.

asteroid dinosaurusiКомитетот на Обединетите нации за мирољубива употреба на вселената формираше специјален тим што ќе се занимава со можните сценарија во случај на астероид.

Меѓународната мрежа за анализа и предупредувања (IAWN) ќе собира информации за астероиди со цел да ги предупредува владите во светот од потенцијални закани од удар на астероид.

Постојат и други групи кои се занимаваат со оваа проблематика, но IAWN е предвидено да ги обедини нивните експертизи.

Таква е Советодавната група за планирање на вселенски мисии (SMPAG) која се надева дека ќе промовира меѓународна соработка на ова поле. NASA, исто така, има програми за оваа проблематика и нуди 35.000 долари за развој на компјутерски код за идентификација на потенцијално опасни астероиди.

Во текот на последните две децении, NASA бараше опасни астероиди, со радиус над еден километар, кои поминуваат близу земјата и тврди дека регистрирала 98 проценти од нив. Меѓутоа, постоечките системи може да следат амо еден процент од објектите кои ротираат околу Сонцето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1