Се крие во Русија: Мистериозниот генератор на Тесла, помоќен од сите нуклеарки (Видео)


Помеѓу крошните од дрвјата во Москва се крие ремек-дело на легендарниот Никола Тесла, а сега истото за првпат било снимено од воздух.

Имено, во шумата во околината на Москва се наоѓа мистериозниот “Tesla Tower” генератор, која за првпат бил снимен од воздух со помош на дрон. Станува збор за огромен генератор, инаку еден од најмоќните во светот.dron-tesla-generatori-02

Споменатиот генератор бил изграден од страна на рускиот Институт за електрично инженерство во 70-те години. Целта на овој проект била да се направи машина која што ќе ги тестира ефектите кои што молњите ги имаат над авионите.

Покрај тоа, било планирано машината да се користи за тестирање на електромагнетниот пулс, како и да се испита тоа каков ефект нуклеарните и соларните експлозии имаат врз превозните средства и електрониката.dron-tesla-generatori-01

Генераторот на Тесла преку вештачки пат може да направи молњи со должина од 150 метри, а истиот е толку моќен, што може да “испушти” енергија колку и сите фабрики во Русија, заедно, вклучувајќи ги и оние нуклеарните. Сепак, ваквиот ефект може да трае само 100 микросекунди.

Структурата на оваа интересна машина потсетува на нешто вонземско, па затоа бројните теоретичари на завера во изминатите деценија се интересирале за што навистина служи овој генератор кој, сосема очекувано, не е достапен за јавноста.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1