Се менува начинот на плаќање на патарина


Почна модернизацијата на патарините. Прва која ќе добие нов систем за наплата е  патарината кај Романовце.  Наместо во кеш, патната такса ќе се плаќа со лепенка или со картички. Предвидено е и нејзино дислоцирање и проширување . Градежните активности веќе се почнати. Со новиот начин на плаќање возилата нема да треба да застануваат туку само да ја намалат брзината на движење. Ќе се озвозможи  побрз проток на возила, ќе се намали метежот и застојот , ќе се зголеми ефикасноста на наплатата на патарините , а  ќе се минимализираат и злоупотребите  при наплатата.

patarina mk 5

Патарините ќе се поминуваат на два начина – со купување на припејд или постпејд електронски уред со кој возилата нема да имаат потреба воопшто да застануваат на патарината, туку при нивното приближување наплатата автоматски ќе евидентира во нивните електронски уреди. Вториот начин, како што посочи, е со кроистење на припејд или постпејд картички кои возачите ќе ги евидентираат на електронските читачи на патарините. Картичките ќе можат првично да се купуваат пред патарините, а подоцна и низ другата продажна мрежа и ќе може лесно да се надоолнуваат. Во двата случаја ќе се избегне контактот со пари. Патарините ќе се поминуваат многу побрзо и полесно, а земјава ќе добие најсовремен интегриран систем за наплата согласно директивите на ЕУ, рече Груевски.

Освен Романовце, се планира проширување и дислоцирање и на Градско. Додека Сопот, Отовица и Петровец ќе бидат проширени и реконструирани , а ќе се градат и две нови, кај Демир Капија  и Гевгелија. Дел од нив ќе почнат да се градат  оваа, а дел наредната година. Паралелно со патарините се градат и повеќе патишта низ државата.  Овие инвестиции ќе помогнат за подобрување на услугите на макеоднските патишта.

Модернизацијата на патарините ќе ја врши Турски Аселсан. Целиот проект  чини 18,7 милиони евра . 2, 8 милиони евра се од буџетот, а останатите пари од ЕБОР.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1