Се менува законот во Македонија: Може да увезете само 2 половни возила


Еден граѓанин да може да увезе најмногу два половни автомобила годишно. Ова е многу повеќе од законската рамка во Европската Унија која дозволува физичко лице да може да купи од странство само едно старо возило, истакна министерот за економија Беким Незири.avto-300x148

Овие новини треба да се вградат во предлог измените и дополнувањата на Законот за возила. Според  Незири, целта на овие измени е допрецизирање на надлежностите на службата која го врши одобрувањето на возилата, скратување на роковите за издавање на одобрение за единечно возило од 15 на 5 работни дена, а со самото тоа зголемување на ефикасноста и ефективноста во работењето на овие служби, во интерес на граѓаните.

„Со измените и дополнувањата на овој закон, кои после денешната работна средба со техничките служби ќе бидат допрецизирани, а кон почетокот на идната недела ќе бидат пуштени во владина процедура, ќе придонесеме кон заштита на граѓаните во делот на безбедност на сообраќајот, поголема заштита на животната средина, професионално и ефикасно работење на службите за технички преглед, забрзување и прецизирање на процедурите кои ги поминуваат граѓаните во нив. По усвојувањето на Законот за возила за сите новини ќе јавноста ќе биде информирана“, истакна Незири.

Претставниците од техничките служби истакнаа задоволство од нацрт верзијата на измените и дополнувањата на Законот за возила, бидејќи со овој предлог закон ќе се воспостави ред во состојбите, но и од соработката со Министерството за економија, кое сака да креира европски закон кој ќе овозможи добивање на фактичката слика во овој сегмент во државата, имплементирајќи во него и голем дел од потребите на техничките служби за давање на поефикасни услуги на граѓаните.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1