Се намалува бројот на лебеди во Охридското Езеро, причина несовесноста на граѓаните


Лебедите едни од препознатливите безели на Охридското езеро  често пати на мета на несовесните граѓани ,проголтани јадици скршени крила се само дел од повредите на овие природни богатства .Надлежните велат дека секое нивно вознемирување и нестанок на гнездењето ги приморува или да го напуштат охридското езеро или да најдат некој друг простор.lebedi

Заинтересираноста на граѓаните и туристите за овој вид птица е огромна но потребна е поголема едукација и заштита на појасот на трската.Според последните пребројувања направени во 2010 година бројот на гнездовите парови е намален.

Црвениклуниот лебед за прв пат е забележан на Охридското езеро во  1976 година ,во изминатите три и пол децении бројот на единки од овој вид варира од 2о до 130 .Во 1986 година е забележан првиот гнездов пар на локалитетот Андон Дуков.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1