Австралиските пливачи пронашле мртов кит долг 11,6 метри и тежок околу 30 тони кој заринкал на брегот на Сиднеј.
Разбрануваното море во текот на ноќта во средата го исфрлило китот директно во просторот наменет за капачите на Њупорт Бич во Сиднеј. Тежина на китот ги скршила сигурносните ланци и китот се насукал на плажата. Плажа е затворена од страв дека трупот на китот ќе привлече јато на ајкули. Се уште не е познато од што умрел китот. Се претпоставува дека станува збор за млад кит.