Дваесетгодишниот Наил Машиќ, фудбалер на Градина од Сребреник во близина на Тузла, се обесил во гаражата на семејната куќа во местото Горни Моранци.
Неговите роднини, пријатели, колеги и тренери се уште се во шок и не знаат што го натерало талентираниот фудбалер Наил да изврши самоубиство.
Според зборовите на тренерот, Машиќ бил еден од најталентираните фудбалери во овој крај, во сезоната 2012/2013 со Градина играше во Премиер лигата.
Со екипата на Градина повеќе пати бил шампион во јуниорска конкуренција, а благодарение на неговите погодоци, беа победувани и пореномирани клубови како Сараево, Вележ, Борац..