Се облекол како Бигфут со намера да привлече туристи – два автомобила го прегазиле – загинал на автопатот


44-годишен жител на градчето Калиспел – Монтана, сакал да направи траги од наводен бигфут, како неговото место би станало популарно и посетено од туристи. За таа цел тој облекол и костум и отишол со намера да ги остави трагите за кои подоцна ќе се тврди дека се од митското суштество.

 

За негова несреќа костумот кој го носел го правел потешко видлив за возачите и Ренди Ли Тентли бил удрен прво од автомобил со кој управувале тинејџерки, а кога паднал на автопатот друг автомобил го прегазил, по што починал на самото место.

Според пријателите на Ренди тие претходно биле заедно во кафеана и пиеле поголема количина алкохол. Ренди тврдел дека секој може да исценира наводно појавување на Бигфут и дека е лесно тоа да се направи. Дури рекол еве јас ќе го направам за ова место, за да станеме локација каде ќе доаѓаат туристи со надеж дека ќе го видат бигфут. Но никој од пријателите не го сватил сериозно неговото зборување. Изгледа ренди ова го подготвувал некое време бидејќи веќе имал подготвено облека од крзно која наликува на онаа на митското чудовиште. Кога заминал од кафаната ја облекол и излегол на автопатот. За негова несреќа автомобилите не го забележале и Ренди загинал во својот обид да го прослави местото.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1