Тасманија ќе забрани сите родени по 2000 да купуваат цигари


Нова ера со генерација непушачи, државата Тасманија размислува да забрани продажба  на цигари за сите родени по 2000 та година.


Ваквата забрана (доколку помине предлог законот) би стапила на сила во 2018-та година. Сега се чешла законот за пакување на цигари, според кој на кутиите ќе има фотографии и предупредување за штетноста на тутунот.

Според предлагачот, ваквиот закон би резултирал со генерација што не била изложена на ваквите штетни производи, со тоа драстично би се намалила и можноста некој од овие луѓе да биде пушач во иднина (кога со навршени 18 години стекнува право да купува цигари). Законот е лесно применлив и од аспект на трговците, при продажбата едноставно ќе видат дали купувачот е роден пред или по 2000 тата година.

Сепак дел од правниците велат ваквиот закон нема да вроди со плод, младите ќе продолжат да пушат цигари. Единствениот мотив да престанат ќе биде нарушеното здравје во подоцнежните години од животот.

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1