Целиот свет минатата недела беше шокиран од веста дека Светската здравствена организација, наводно, има намера сланината, колбасите и други производи од месо да ги прогласи за предизвикувачи на рак.
Позната српска писателка Исидора Бјелица, која веќе неколку години и самата се бори со ракот, навела на „Твитер“ што мисли за оваа тема.
Исидора напишала дека не ги консумирала производите за кои овие денови толку многу се пишува.
-Не јадев ниту колбаси, ниту сланина ниту, пак, пушев цигари, ниту пиев алкохол. Тагата е најканцерогена, неа, пак, ја имав во галони – наведува писателката.