Се огласија родителите на болното дете од Нови Сад- немаме пари да одиме кај него


Не е точно дека не се грижиме за нашиот син. Сиромашни сме. Едноставо немаме пари да одиме кај него. Се трудиме се да му пружиме колку што можеме. Месечно само за лекови даваме по 150 евра. Поради се што се пишуваше овие денови мојата сопруга е преплашена. На работ сме од нервен слом.., вака ја почна прикaзната за српски Курир, таткото на болното дете кое 13 месеци е во Детската клиника во Нови Сад .

Медиумите пишуваа за момчето кое никој не го посетува веќе 13 месеци, цел Балкан ги осудува родителите на несреќното дете.detence-bolnica-640x425

Центарот за социјални ризици и директорот од болницата велат едно, а родителите друго.

– Во септември докторите ми рекоа дека можеме да го доведеме дома. Кај нас беше до ноември, вратен е во болница поради контрола. Детето од мало има проблеми со бубрезите. Јас не работам, обавувам само сезонски работи, а месечно мораме да издвојуваме голема сума на пари за лекови. Некои лекови ги нема во Србија, ни во Унгарија, па преку некои познаници ги набавуваме од Словенија, раскажува Кристијан со солзи во очите.

Инаку, ова семејство живее во тешки услови. Куќата е скромна, а внатре покажува во колкава сиромаштија живеаат.

-Никој не ни помага, не знам како успеавам да го прехранам семејството. Без оглед на се, се трудам колку можам. Не знам што уште би можел да направам за да му помогнам на моето дете. За среќа состојбата му е подобра, изјавил таткото.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1