Популарната македонска пејачка сподели неколку фотографии од свадбата на нејзината сестра Харита.Можеби малкумина паметат, но Харита пред неколку години имаше обид да стане пејачка, па откако не постигна успех, се повлече од јавноста. Неколку години немавме слушнато ништо за неа, но затоа сега Кристина не изненади со убава вест.
Харита блеска во бела венчаница со саканиот до себе, а Кристина сподели неколку фотографии со опис, за да им го посака најубавото на новиот брачен пар – „Харита и Иво, ви ја посакувам целата среќа, секој ден поубав од претходниот, да живеете во слога и љубов и градете ја вашата иднина на цврсти темели. Ве сакаме!“
Од фотографиите се гледа дека парот се возеле со глисер, но и дека имале мала семејна прослава со најблиските.