Се омажила за 57 години постар милијардер: Не ми е гајле за неговите пари, го сакам! (ВИДЕО)


Знаев дека Ричард е богат и познат. Убаво е да живееш луксузен живот, сепак тоа е малку важно, рекла Плејбој зајачичата Кети Симиќ.

Велат дека љубовта не знае за граници, а тоа се потруди да го докаже и „Плејбој“ зајачицата Кети Симиќ (25) која се омажила за милијардерот Ричард Лунгер, кој од нејзе е постар дури 57 години.Rihard-Lugner

Иако ги дели цела вечност, младоженците тврдат дека тоа не им смета а нивната љубов цвета.

Овој милјардер, кој на светските познати убавици како Кармен Електра, Памела Андерсон, Ким Кардашијан и Парис Хилтон им плаќал големи суми на пари за да излезат со него на вечера, верува дека петиот брак ќе му биде среќен.

-Секогаш се прашувам дали жената е со мене затоа што ме сака или поради моите пари. Опасно е да се биде во брак, но што да правам кога сакам да бидам со млади жени, изјави богатиот Лунгер.

Од друга страна пак, сексапилната Кети тврди дека го сака својот сопруг и дека нејзе и е најважна само љубовта.

-Знаев дека Ричард е богат и познат. Убаво е да живееш луксузен живот, сепак тоа е малку важно, раскажала Плејбој зајачичата Кети Симиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1