Вампири сепак постојат!


И науката го кажа својот збор: Вампирите постојат! За среќа не станува збор за страшните чичковци со големи заби туку за едноклеточни организми кои напаѓаат други клетки и им ги цицаат телесните сокови. Тоа се ненаситни прастари организми кои според две нови истражувања ги има насекаде.

„Амебоидните вампири“ првпат биле опишани во 1865 година од рускиот биолог Леон Циенковски (Leon Cienkowski). Тој открил светло-црвени едноклеточни суштества многу слични на амеби, кои ја пробивале мембранта на алгите и ја извлекувале нејзината содржина. Поради очигледната сличност со фолклорните приказни, овие микроорганизми ги нарекол вампирели (Vampyrella).2754
Нивниот необичен начин на исхрана ги фасцинира микробиолозите веќе 150 години. Во едно истражување од 1926 година било опишано како микроскопскиот паразит ја обиколува зафатенета клетка и за околу една минута нејзиниот ѕид почнува да се вовлекува навнатре. Кога нападнатата клетка конечно ќе попушти, „амебата вампир“ преку отвор на ѕидот ги пие телесните сокови на жртвата.

Денес се знае дека овие организми не напаѓаат само алги. Неки видови можат да нападнат габи, па дури и повеќеклеточни организми, како некои видови црви. Ако нема доволно храна, клетките од некои видови можат да се соединат и да формираат поголеми структури. Тоа им овозможува да патуваат подалеку во потрага по храна.

Откако ќе се „најадат“ вампирелидите создаваат цврст ѕид околу себе што се нарекува циста.

„Остануваат неподвижни, сè додека не ја сварат храната“, вели Себастијан Хес (Sebastian Hess) од Универзитетот „Cologne“ од Германија. За тоа време клетката се дели. Кога цистата повторно ќе се отвори, на местото каде што била само една, ќе се појават две амеби-вампир.

Според истражувачите, на планетава постојат многу повеќе вакви видови отколку што се претпоставувало, особено во морињата каде никој досега вистински не ги побарал.

И после 150 години откако биле откриени, мистеријата околу „амебоидните вампири“ останува нерешена. Науката и денес е без одговор на прашањето како тие ја пробиваат клеточната обвивка на бактериите или габите. Тие обвивки се многу цврсти. Некои дури и се состојат од хитин, истата состојка од оклопот на раковите.

Се верува дека „вампирите“ поседуваат хемикалија што може да ја разложи мембраната, но таа супстанца сè уште не е изолирана.

Ова не е само академско прашање. Многу научници и компании се заинтересирани за производство на био-горива произведени од алги. Тие би биле извори на гориво за автомобилите, речиси без јаглерод. Меѓутоа, многу е тешко да се пробие надворешниот ѕид на алгите и да се дојде до шеќерите богати со енергија.

„Може да излезе дека ензимите од амебоидните вампири можат да бидат навистина од голема корист“, вели Хес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1